За нас

ТИТАН дооел, увоз-извоз
Профил на компанијата

1. Име на компанијата

ДТПУ Титан увоз-извор ДООЕЛ


2. Дејност

Маркетинг и дистрибуција на фармацевтски производи


3. Краток опис на компанијата

Титан увоз-извоз е приватна компанија која е основана 2002 година. Нашето мото е да станеме  “партнер на аптеката” на самостојните приватни аптеки. Во текот на 2004 година „Титан“ увоз-извоз потпиша ексклузивен долгорочен договор со Pierre Fabre Dermocosmetic – Франција. Искуството, флексибилноста и одличното познавање на  Македонскиот пазар, целокупната подршка и обуката што ја спроведе странскиот партнер на вработениот тим во „Титан“ увоз - извоз, овозможи истиот да стане лидер на дермокозметичкото поле во Македонија.


4. Контакти

Управител: Владимир Бајрактаров
Адреса: “Маршал Тито” бб, Струмица
Телефон: ++389 (0)34 34 90 90
Факс: ++389 (0)34 34 90 92
E-mail: vivax@mt.net.mk
Web site: www.titan.com.mk
Седиште на фирмата: “Маршал Тито” бб, Струмица, Македонија


5. Производи / Услуги

Ние вршиме промоција и дистрибуција на македонскиот пазар на производи од следниве брендови: Eau Thermale Avène, Galenic Elancyl, Klorane, Ducray и A-derma Следниот чекор за компанијата ќе биде започнување со дистрибуција и маркетинг на лекови.

Една од приоритетните услуги што ги нуди Титан увоз-извоз е промовирањето на идеи и подршка за менување на внатрешниот ентериер на новоотвотените аптеки или веќе постоечките како и нудење на купопродажни совети од областа на фармацијата. Титан увоз – извоз е единствената фирма која нуди ваков тип на услуги на македонскиот пазар.


6. Инфраструктура

Број на вработени: 6;

  • Управител - менаџер, ги согледува сите аспекти од бизнис работењето, одговара за увозот на производите, продажба и маркетинг, дистрибуција и односот со деловните клиенти.
  • еден, асистент на управителот - менаџерот, дипл. Економист. Одговорен за истите работни задачи како и управителот.
  • тројца, дипл. фармацевти, полно работно време, како медицински презентери – обучувачи;
  • еден, полно работно време, дистрибутер, грижејќи се производите да се наоѓаат на предната полица и за останатите продажни активности

Опрема:

  • целокупно потребната ИТ опрема
  • четири автомобили, за менаџерот и застапувачите
  • едно комбе за дистрибутерот